Натпревари 2020/2021

Во врска со натпреварите по математика во учебната 2020/2021 година, Управниот одбор на СММ донесе одлука:

  • Општинските и регионалните натпревари за учениците од основно и средно образование ќе се одржат електронски
  • Државните натпревари за учениците од основното и средното образование, ќе се реализираат со физичко присуство, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Прочитај повеќе

Затворање на Есенската математичка школа 2020

По два прекрасни месеци заедничко другарување со математиката, дојде време да ја затвориме Есенската математичка школа 2020.

На сите ученици им го честитаме учеството на школата, а на учениците кои го решаваа завршниот тест им го честитаме постигнатиот успех на тестот.

Воедно ви посакуваме среќни новогодишни празници и нека новата 2021 година биде подобра од годинава на заминување.…

Прочитај повеќе

Втор меморијален натпревар

Почитувани натпреварувачи,

Ве известуваме дека второто издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане ќе се одржи на 9-10 јануари 2021 година.

Ги покануваме да учествуваат учениците кои оваа учебна година се во основно или средно образование и освоиле медал или пофалба на барем еден од следните четири натпревари: Првиот меморијален натпревар, ММО 2020, ЈММО 2020, ЕГМО 2020.…

Прочитај повеќе

Излегоа од печат „Сигма“ бр.118 и „Нумерус“ бр.46-1

Почитувани,

Ве известуваме дека новите броеви на списанијата Сигма и Нумерус излегоа од печат и веќе делумно се дистрибуирани. Ова се првите броеви за оваа учебна година, а вторите броеви се планирани за втората половина на јануари.

Уживајте во темите и задачите кои Уредувачките одбори на овие списанија ги подготвија за Вас!…

Прочитај повеќе

Завршија предавањата на Есенската математичка школа 2020

На 5 декември 2020 година се одржа последниот ден со предавања на Есенската математичка школа 2020 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Во текот на седум саботи, над 200 ученици од основните и средните училишта ги следеа предавањата преку платформата за е-учење на ФЕИТ, решаваа задачи, пишуваа домашни работи – работеа математика.…

Прочитај повеќе