Конечни резултати од Државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од 63-от Државен натпревар по математика за учениците од средното образование кој се одржа на 15 и 16.08.2020 година.

Освојувачи на првите места на државно ниво, по години, се учениците:

  • прва година – Дамјан Давков, ученик од VII одделение од ООУ„Ванчо Прке“-Штип,
  • втора година – Јосиф Тренчовски, ученик од СУГСГ„Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје,
  • трета година – Лука Грашкоски, ученик од Меѓународни училишта „НОВА“-Скопје и
  • четврта година – Иљир Лимани од ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје.

Воедно ги објавуваме и учесниците на Македонската математичка олимпијада (ММО) која ќе се одржи на 29.08.2020 година.

Освен наведените ученици, право на учество на ММО имаат и следниве ученици: Христина Митреска од III година при ПСУ „Јахја Кемал“-Струга, Анастасија Тортевска од IV година при ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје, Михаела Хаџиска од IV година при ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје и Благоја Младенов од IV година при ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје .

Ваш СММ!