Учесници на Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Комисијата за натпревари во основното образование, ги изготви единствените ранг – листи на државно ниво по одделенија од Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование. Тие листи се состојат од поени што се добиваат како збир од 55% од поените што ученикот ги освоил на општинскиот натпревар и 45% од поените што ученикот ги освоил на регионалниот (електронски) натпревар. Листите ги усвои УО на СММ и донесе одлука со која право на учество на 45-от Државен натпревар по математика за основно образование имаат следните ученици:

Во овој документ се наоѓаат учениците кои од минатата година обезбедиле директно учество на Регионалниот натпревар.

Кон овие листи се додаваат и учениците кои од минатогодишниот циклус натпревари се стекнале со право на директно учество на Државниот натпревар.

Забелешка: Еден ученик од 6-то одделение навел погрешен број бодови освоени на општинскиот натпревар. Заради неговата нечесна постапка се здобил со право за учество на Државниот натпревар. Откако ја утврдивме грешката направивме корекција со точниот број освоени бодови и затоа постои нов список (конечен список) на учесници за 6-то одделение.

Ваш СММ!