Математички билтен има нова официјална интернет страница!

Почитувани колеги, наставници и соработници,

Најстарото македонско математичко научно списание Математички билтен има нова официјална интернет страница: www.bilten.smm.org.mk.

Уредувачкиот тим  го повикува научниот кадар по математика, физика и информатика од сите државни и приватни универзитети во Република Северна Македонија, како и нивните соработници и/или докторанти, да поднесат трудови за броевите Vol.44 (LXX) 1 (2020) и  Vol.44 (LXX) 2 (2020). 

Списанието Математички билтен има меѓународен уредувачки одбор и е индексирано во следниве бази:

  • Мathematical Reviews (MathSciNet)
  • Zentralblatt fűr Mathematik
  • Реферативный журнал “Математика” (VINITI)
  • EBSCO
  • Crossref.

Ви посакуваме успешна работа!

Во име на уредувачкиот тим на Математички билтен,

Д-р Весна Целакоска Јорданова, главен и одговорен уредник