Избрана е македонската екипа за EGMO

Почитувани,

на 29.02.2020 година (сабота) во математичкиот амфитеатар на ПМФ-Скопје се одржа финалното тестирање за комплетирање на македонската екипа за овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада (ЕГМО 2020). Во прилог се задачите и официјалните решенија со шема за бодување.

Екипата во состав:

  • Анастасија Тортевска (МКД 1)
  • Христина Митреска (МКД 2)
  • Јасна Илиева (МКД 3)
  • Кристина Тасева (МКД 4)

ќе ја предводи проф д-р Анета Гацовска Барандовска, а заменик водач ќе биде Ерблина Зеќири.

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски