Прво соопштение за „Ноември – Месец на науката“ 2019

Македонските друштва за природни науки и математика заедно со Природно-математичкиот факултет, и оваа година ја организираат Манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката „Ноември – Месец на науката“ 2019 наменета за учениците од основните и средните училишта и нивните наставници по природни науки, биологија, хемија, географија и математика.

Настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2019 година и тоа: 16. ноември за ученици од I-VI одделение, 23. ноември за ученици од VII-IX одделение и 30. ноември за ученици од I-IV година, и ќе вклучува повеќе настани: научно-популарни предавања, натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности. 

Повеќе информции за настанот и начинот на пријавување учество ќе најдете во Манифестации.