ТЕРМИНИ ЗА НАТПРЕВАРИ 2019/2020

На 16 септември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, претставниците на Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математи­чарите на Македонија (СММ) и Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), кои се акредитирани од МОН за натпревари за учениците од основните и средните училишта по предметите физика, хемија, биологија, природни науки, математика и информатика утврдија заеднички календар за натпреварите за учебната 2019/20 година.

Според тој календар натпреварите по математика ќе се одржат на:

25.01.2020-општински натпревар за учениците од средното образование

8.02.2020-регионален натпревар за учениците од средното образование

29.02.2020- општински натпревар за учениците од основното образование

14.03.2020-државен натпревар за учениците од средното образование

11.04.2020-регионален натпревар за учениците од основното образование

25.04.2020-државен натпревар за учениците од основното образование