Есенска математичка школа 2021

Најнови соопштенија

24.12.2021 – Од затворањето на Есенската математичка школа 2021
09.12.2021 – Завршија предавањата на Есенската математичка школа 2021
12.10.2021 – Известување за пристап на порталот за е-учење и отворање на ЕМШ2021
04.10.2021 – Пријавени ученици за учество на ЕМШ2021 и план на претстојни активности
29.09.2021 – Промоција на ЕМШ2021 на МРТ1
07.09.2021 – Теми на Есенската математичка школа 2021
03.09.2021 – Најава на Есенската математичка школа 2021 и пријавување учество (наградени ученици од државните натпревари по математика со учество на ЕМШ2021)

Опис на Школата

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2021 година, организира Есенска математичка школа 2021 за учениците од основните и средните училишта од целата држава. Наставата на школата ќе биде онлајн. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Учесници: ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата: 16, 30 октомври, 6, 13, 20 и 27 ноември 2021 год.
Датум на полагање завршен тест: 11 декември 2021 год.
Место: Интернет

Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Теми и предавачи на школата:

  • 4 одд.
    Логички задачи, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Задачи со пресипувања, мерења, превозувања и преместувања. Комбинаторни задачи и пребројување на геометриски фигури. Математички игри и стратегии.
    Загатки со броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Програма: Низи од броеви. Бројни изрази. Математички ребуси. Трикови со броеви. Математички крстобројки.
  • 5 одд.
    Решавање равенки и примена, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Програма: Бројни изрази. Едноставни равенки и соодветни текстуални задачи. Равенки кои во себе вклучуваат повеќе операции. Примена на равенките во тестуални задачи.
    Квадрат и правоаголник, проф. д-р Елена Хаџиева, Факултет за информациски системи, визуелизација, мултимедија и анимација при Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Охрид
    Програма: Периметар на квадрат и правоаголник. Плоштина на квадрат и правоаголник. Комбинирани задачи со квадрат и правоаголник.
  • 6 одд.
    Деливост на природните броеви, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Поим за деливост. Признаци за деливост. Прости и сложени броеви. НЗД и НЗС.
    Коцка и квадар, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Коцка, скицирање, мрежа на коцка, плоштина и волумен на коцка. Квадар, скицирање, мрежа на квадар, плоштина и волумен на квадар. Комбинирани задачи со коцка и квадар.
  • 7 одд.
    Геометриски движења, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Точка, права, кружница и нивните взаемни положби. Складни триаголници и признаци за складност; движења. Вектори и операции со вектори. Транслација. Ротација. Централна симетрија. Осна симетрија. Комбинирани задачи од движења.
  • 8 одд.
    Теорија на броеви, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
    Програма: Деливост на природни броеви. Прости и сложени броеви. Конгруенции по модул. Линеарни Диофантови равенки. Нелинеарни Диофантови равенки.
  • 9 одд.
    Математика на правоаголен триаголник, проф. д-р Весна Целакоска – Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Питагорова теорема. Неколку докази на Питагоровата теорема; Тригонометриски функции од остар агол: тангенс од остар агол, котангенс од остар агол, синус и косинус од остар агол; Задачи за тригонометриските функции од 30, 45 и 60 степени; тригонометриски функции на комплементни агли; неколку важни идентитети; Задачи за решавање правоаголен триаголник и примена на тригонометриските функции во геометрија и практични мерења.
  • 1 год.
    Рационални и ирационални изрази, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Рационални алгебарски изрази: дефиниција, видови, идентични рационални
    изрази. Дробни рационални алгебарски изрази (алгебарски дропки): скратување и проширување на алгебарски дропки, доведување на алгебарските дропки на еднаков именител, операции со алгебарски дропки, двојни алгебарски дропки, упростување на алгебарски дропки. Корени: својства и операции со корени. Ирационални алгебарски изрази:
    дефиниција, рационализирање на именител на дропка, упростување на ирационални изрази. Неравенства со алгебарски изрази.
  • 2 год.
    Четириаголници и нивни својства, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Повторување за триаголник и елементи на триаголник. Својства на парелелограм, квадрат, правоаголник, ромб, трапез, делтоид. Комбинирани задачи со четириаголници.
  • 3 и 4 год.
    Тригонометриски функции и примена, проф. д-р Соња Геговска Зајкова, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Агли и мерење на аглите. Тригонометриска кружница. Дефинирање на основните тригонометриски функции. Тригонометриски идентитети. Тригонометриски равенки и неравенки. Својства и график на тригонометриските функции, период, амплитуда, фреквенција. Инверзни тригонометриски функции. Примена на тригонометриските функции за решавање реални проблеми од различни области (геометрија, физика, астрономија, електротехника, механика, музика, навигација, …). Поларни координати и цртање криви во поларни координати. Основни поими од сферна и хиперболична тригонометрија.

Термини на предавањата:

  • 9:45 – 12:00 ПРЕДАВАЊА
    (3 часа од по 40 мин. со две паузи од по 5-10 мин. или 2 часа од по 60 мин. со една пауза од 15 мин.)

* Во зависност од бројот на пријавени ученици, ако се јави потреба од формирање на втора група за соодветното одделение/клас, и ако сме во можност да го сториме тоа, наставата во втората група можно е да се одвива во друг термин од посочениот. Формирањето на групите ќе се одвива според редоследот на пријавување на учениците.

Начин на пријавување: Пријавувањето на Школата се извршува исклучиво преку формата за пријавување на следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение.
ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗАВРШИ

Краен рок за пријавување: 2 октомври 2021 год.

Известување за прием во Школата: 4 октомври 2021 год.

Котизација за учество: 2.850,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 18 часа со предавања, материјали за школата и завршен тест. Котизацијата треба да се уплати до 6 октомври 2021 година на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение/клас на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Есенска математичка школа 2021. По уплатата на котизацијата треба да пратите копија од уплатата на  ems2021smm@gmail.com , најдоцна до 7 октомври 2021 година.

Раководител на школата: проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Техничка и организациска поддршка: м-р Милена Мицковска (ИМ, ПМФ), м-р Марко Димовски (СММ), Ристо Чавдаров (ФЕИТ)
Адреса за контакт: ems2021smm@gmail.com

Допис до директорите на основните и средните училишта и активите по математика.