Македонија е една од трите држави со златен медал на БМО 2023

Почитувани,

Сакаме да ве информираме за најголемиот успех на Македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада досега.

На јубилејната 40та Балканска математичка олимпијада, Македонија остварува нов рекорд. За прв пат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали. Златниот медал е освоен од Никола Спировски, сребрениот е од Дамјан Давков, а бронзените од Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.…

Прочитај повеќе

Информациja за изборниот тест за ИМО

Тестот за избор на македонската екипа за ИМО 2023 ќе се одржи следниот викенд 20-21. мај во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Учесниците е потребно да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути.

Во секој од двата дена, натпреварот ќе започнува во 10 часот.…

Прочитај повеќе

Започна БМО 2023

Почитувани,

Во периодот од 8 ми до 13 ти мај во Анталија, Турција ќе се одржи 40 тата Балканска математичка олимпијада.

На годинешната БМО, покрај 11 те официјални репрезентации, ќе учествуваат уште 12 гостински репрезентации. Нашата земја ќе учествува по 30 ти пат, а ќе ја претставуваат:
МКД 1 Дамјан Давков
МКД 2 Алексиј Тасиќ
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Никола Цветаноски
МКД 5 Никола Спировски
МКД 6 Алек Танаскоски

Лидер Никола Велов
Заменик лидер Петар Филиповски
.…

Прочитај повеќе

Трето соопштение за Седмиот македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. 

Конгресот ќе се одржи во Хотел Дрим, Струга, во периодот 27 –30 јуни, 2023 година.

Ова е одлична можност за истражувачи од различни области на математиката да дискутираат за напредокот во науката, да споделуваат идеи и да ја промовираат меѓународната соработка.…

Прочитај повеќе

Информација за државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека заради зафатеност на просториите на ПМФ, натпреварот ќе се одржи во недела, 14.05.2023 година, со почеток во 10 часот.

Учениците треба да бидат пред горната зграда на ПМФ, најдоцна во 9 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Прва македонска економска олимпијада

Почитувани,

Како што беше најавено, оваа година во организација на СММ, ќе се одржи Првата Македонска Економска Олимпијада МЕО 2023. Минатата година по две извршени селекции, нашата држава за прв пат испрати тим на Меѓународната економска олимпијада ИЕО. Од оваа година МЕО ќе биде основа за селекција на тимот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународната олимпијада.…

Прочитај повеќе

Екипа за БMO 2023

Почитувани,

Во прилог се збирно конечните резултати од ММО 2023 и изборниот тест за БМО 2023, согласно кои македонската екипа за овогодинешната балканијада е:
МКД 1 Дамјан Давков
МКД 2 Алексиј Тасиќ
МКД 3 Никола Цветаноски
МКД 4 Јан Стојановски
МКД 5 Никола Спировски
МКД 6 Алек Танаскоски

Им посакуваме успех!…

Прочитај повеќе

Изборен тест за БМО

Почитувани,

вчера (сабота 22.4) се одржа изборниот тест за формирање екипа која ќе нé претставува на БМО 2023 (https://bmo2023.tubitak.gov.tr/).

Во прилог се задачите кои натпреварувачите ги решаваa во период од 4.5 саати на Машинскиот факултет во Скопје:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

EGMO 2023

Почитувани, 

Во периодот 13-19 април 2023 година, во Порторож, Република Словенија, се одржа 12-тата Европска женска математичка олимпијада ЕГМО 2023.

На олимпијадата учествуваа 54 држави, од кои 38 во официјална конкуренција (европски држави). Учествуваа вкупно 213 учесници од кои 151 учесник од официјалните земји учеснички. Македонскиот тим успешно се претстави и се врати со освоени еден брозен медал и две пофалници.…

Прочитај повеќе