МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“. Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи, π = 3,14…. Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е МАТЕМАТИКАТА ОБЕДИНУВА.…
Прочитај повеќеКатегорија: Разно
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА
Почитувани колеги, драги ученици, вљубеници во математиката…
Нека годината што започна донесе здравје, мир и благосостојба.
Со спомени во мислите, горди на успесите, мотивирани продолжуваме напред!
СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеНОВОГОДИШНА ЗАДАЧА
Почитувани,
СММ за Вас подготви интересна новогодишна задача, која гласи:
„ Дедо Mраз правел играчки за подароци кои биле волшебни. Така ако во еден куп има n играчки, по 24 часа тој број се менува и е еднаков на:
n/4, ако n е делив со 4;
(n+2)/4, ако n+2 е делив со 4; и
(3n+1)/2, ако n е непарен.…
Прочитај повеќеОдлука на Собранието на СММ
Почитувани,
Собранието на СММ одржано на 25 септември 2021 година донесе одлука во врска со членарината, која изнесува 300 денари годишно. Како навремена уплата ќе се смета и онаа која за 2020 и 2021 ќе се изврши до 31 декември 2021 година.
Притоа, членарината за секоја следна година се уплаќа до 31 јануари во тековната година.…
Прочитај повеќеИнтервју…
Почитувани,
деновиве сме под силни импресии од одржаното годишно собрание кое го искористивме да споделиме информации за минатите активности и да се подготвиме за реализација на идните планови. Посебно не радува вниманието со кое новинарите во независната платформа umno.mk ги следеа сите активности на СММ и несебично ве информираа за сите наши реализирани проекти.…
Прочитај повеќеДве сребра, една бронза и пофалница на БМО 2021!
Почитувани,
Чест и задоволство ни е да ве известиме за уште еден голем успех на македонската репрезентација на БМО 2021!
На овогодинешната олимпијада за прв пат во последните 15 години се освоени два сребрени медали и тоа од Никола Спировски и Лука Грашкоски. Бронзениот медал за нашиот тим го освои Јасна Илиева, а со пофалница се здоби Блаже Суклевски.…
Прочитај повеќеПрелиминарни резултати од изборниот тест 2
Почитувани,
во прилог се прелиминарните резултати од изборниот тест за БМО 2021 кој се одржа вчера, 18.08.2021 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Приговори може да се поднесат до утре, 20.08.2021 година до 9 часот.
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеПИ-ДЕН
Поради голем интерес на учениците за учество на натпреварот ПИ-ДЕН го пролонгираме пријавувањето до среда 10.03.2021 година, во 12 часот.
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеСтручно мислење на СММ за потребата од реформи во основното образование
СММ изминатиот период направи детална анализа на состојбата со предметот математика во основното образование, ги разгледа проблемите кои се констатирани, ги согледа и утврди потенцијалните причинители и изготви предлог план за надминување на тие воочени проблеми.
Согледувањата, анализата и изготвениот план во облик на документ е доставен до Министерството за образование и наука, Секторот за основно образование при МОН, Педагошката служба при МОН, Бирото за развој на образованието.…
Прочитај повеќеЕкипа за јбмо
Почитувани,
пријавена е екипата која ќе ја претставува нашата земја на 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада
- Дамјан Давков ученик од VII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип,
- Никола Спировски ученик од IX одделение при ОУ „Ј. Х. Песталоци“-Скопје,
- Марија Атанасова ученичка од IX одделение при ООУ „11 Октомври“-Скопје,
- Матеј Гелев ученик од IX одделение при ООУ „Блаже Конески“-Велес,
- Никола Цветаноски ученик од IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“-Скопје,
- Емилија Николовска ученичка од IX одделение при ООУ „Григор Прличев“-Охрид.