Училишта домаќини за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог е список на домаќини за Регионалниот натпревар по математика за учениците од средно образование, кој ќе се одржи на 2.3.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Во регионите во кои нема пријавени домаќини, СММ го задржува правото да ги повика учениците да го одржат натпреварот на друго место, без разлика колку е тоа оддалечено од регионот.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2024

Почитувани,

Државниот електронски натпревар ПИ-ДЕН ќе се одржи на 16.03.2024 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно. (подетално)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

Регионалниот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 2.03.2024, со почеток во 10.00 часот. Учениците треба да се во училиштето домаќин меѓу 9.00 – 9.30 часот.

Училиштата-домаќините и регионалните координатори ќе бидат објавени наскоро на официјалната страна на СММ.

Повеќе детали околу организацијата и реализацијата може да најдете овде.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Регионалниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 02.03.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Дополнителните информации поврзани со организирањето и реализирањето на натпреварот се содржани во следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Заврши општинскиот натпревар за основно и средно образование

Почитувани,

општинскиот натпревар по математика за основно и средно образование се одржа на 2.02.2024 година. Во прилог се задачите, решенијата и конечните резултати по општини и региони.

Резултатите по одделенија/класови и општини се следните:

Право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 2.03.2024 остварија сите ученици со освоени најмалку 40 поени.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од петтиот меморијален натпревар „Александар Блажевски – Цане“

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Петтиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“, одржан на 27-28.1.2024 година на ПМФ-Скопје:

Согласно резултатите, македонската екипа за следната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Емилија Николовска (IV година)
  • МКД 2 Миша Веселински (III година)
  • МКД 3 Сара Тошевска (III година)
  • МКД 4 Нина Ламева (II година)

Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Список на пријавени учесници за општинскиот натпревар

Почитувани,

во прилог се списоците на пријавените ученици за општинскиот натпревар по математика за:

На сите натпреварувачи им посакуваме успешен натпревар!

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Се одржа петтиот меморијален натпревар – АБЦ

Почитувани,

викендов во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа петтиот  меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот, задачите во категориите јуниори односно сениори и официјалните решенија со распределбата на поени.

Прелиминарните резултати од натпреварот се:

Евентуалните приговори можете да ги испратите на е-адресата mirko.petrushevski@gmail.com во текот на утрешниот ден, понеделник 29.01.2024 година, најдоцна до 18:00 часот.…

Прочитај повеќе

Петти меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека петтото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 27-28 јануари 2024 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два
натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе