Крајот на Школата за млади математичари 2023/2024 го одбележавме со математичка работилница за најмладите, учениците од 4 и 5 одделение, која се одржа денес, 18.06.2024, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Темата на работилницата беше „СОМА сложувалка“ која учениците сами ја изработија и потоа составуваа фигури според дадена слика. Организиравме и мал натпревар во составување на фигури на кој победи Бојана Мазнова V одд. од ООУ „Кочо Рацин“, Дојран.
На крајот од работилницата им беа доделени сертификати на присутните учениците за учество на Школата за млади математичари 2023/2024, а најактивните на часовите и најредовните решавачи на домашните работи добија заслужени признанија.
На сите ученици им посакуваме среќен летен распуст, и од време на време решете и по некоја математичка задача!
Од Раководството на Школата