На 12 март 2023 заврши 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023) во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE) која се одржа од 7 до 12 март во Струга, Македонија. Оваа година на олимпијадата учествуваа 120 студенти од 23 универзитети од Југоисточна Европа.
Нашата држава учествуваше со еден тим од пет студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студенти на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Македонскиот тим освои еден СРЕБРЕН и еден БРОНЗЕН медал. Сребрениот медал го освои Лука Хаџи-Јорданов, а бронзениот медал го освои Марија Стојковска. Македонија успешно ја претставија и студентите Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик водач Никола Велов, двајцата од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
На сите натпреварувачи им го честитаме постигнатиот успех!
Повеќе информации за SEEMOUS 2023 може да најдете на следната интернет страница: https://seemous2023.smm.org.mk/.