Информација за завршниот тест на ЕМШ2022

Драги ученици,

Ве информираме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2022 ќе се одржи на 03.12.2022 (сабота), со почеток во 10 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учениците треба да бидат пристигнати во 9.30 часот пред зградата на ПМФ, за да бидат распределени во просториите за полагање на тестот. Тестот ќе трае до 12 часот.

На сите ученици им посакуваме успех на завршниот тест!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2022