Ја прифативме поканата на Комерцијална банка и Фудбалската федерација на Македонија заедно да ја споделиме љубовта кон македонскиот фудбал и да се приклучиме кон прославувањето на Светскиот ден на детето под мотото #ЕденТим и да го насочиме вниманието кон прашањата важни за децата – како што се еднакви можности, квалитетно образование, здрава животна средина и ментално здравје за секое дете.
По тој повод ученици од Есенската математичка школа 2022 заедно со дечињата од Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ – Скопје и од Здружението САНО кое помага на деца со канцер и на нивните родители, беа придружници на македонските фудбалски звезди во официјалниот дел од почетокот на пријателскиот натпревар Македонија – Азербејџан кој се одржа на 20.11.2022 г.
Пораката е пратена! Право на квалитетно образование за секое дете!