Ни претставува особена чест да објавиме дека на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација постигна одличен резултат.
На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници.
- НИКОЛА СПИРОВСКИ (сребрен медал; со освоени 29 поени)
- ДАМЈАН ДАВКОВ (сребрен медал; со освоени 29 поени)
- БЛАЖЕ СУКЛЕВСКИ (бронзен медал; со освоени 27 поени)
- ЈАН СТОЈАНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 24 поени)
- АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (пофалница; со освоени 21 поен)
- ЈАСНА ИЛИЕВА (пофалница; со освоени 18 поени)
Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.
Најискрени честитки за овие шест ЗЛАТНИ деца!
Ваш СММ!