Почитувани,
во согласност со член 20 од Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основното образование, Комисијата за задачи за натпревари по математика во предметна настава, ја донесе следната одлука:
Државен првак за седмо одделение се прогласува ученикот Никола Стојковски од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродом, Скопје
Во осмо и деветто одделение изборот ќе се направи според резултатите на ЈММО 2022, од оние ученици кои освоиле 100 поени на државниот натпревар.
На 7.06.2022 година, со почеток во 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се реализира дополнително тестирање за избор на државен првак за шесто одделение. На ова тестирање, поканети се учениците: Валентино Атансоски од ООУ „Кочо Рацин“, Скопје и Моника Стефановска Гоџо од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје.
Ваш СММ!