МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“. Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи, π = 3,14…. Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е МАТЕМАТИКАТА ОБЕДИНУВА. Ги повикувам сите колеги математичари коишто сакаат да го одбележат денот во нашата земја, да организираат некаков математички евент во основните и средните училишта. Како идеја за најразлични математички активности, можете да погледнете како се прославувал денот претходните години
https://www.idm314.org/organize.html
За секоја планирана активност која понатаму ќе ја споделам со СММ и со официјалниот сајт на IDM, може да ме контактирате на
martin.lukarevski@ugd.edu.mk, martinton@yahoo.com
Мартин Лукаревски,
IDM Амбасадор за Северна Македонија