Почитувани,
денес со почеток во 10 часот се одржа 38-мата Балканска математичка олимпијада (БМО 2021).
Нашиот тим е во состав: Никола Спировски, Дамјан Давков, Лука Грашковски, Блаже Суклевски, Марија Атанасова и Јасна Илиева. Лидер на тимот е Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски. Набљудувачи се проф. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Ѓорѓи Маркоски.
Формален домаќин на Олимпијадата е Кипар. Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Натпреварувачите решаваа четири задачи за 270 минути. Задачите можете да ги видите тука.
Резултатите ги очекуваме во петок, 10.09.2021 година, а дотогаш еве дел од атмосферата со натпреварувачите низ слики:
Ваш СММ!