Заврши првиот олимписки ден

Почитувани,

првиот олимписки ден од ИМО 2021, заврши!

Нашиот тим е во состав: Лука Грашкоски, Дамјан Давков, Никола Спировски, Блаже Суклевски, Јасна Илиева и Марија Атанасова, а проф. д-р Ристо Атанасов е лидер на тимот, додека пак проф. д-р Мирко Петрушевски е заменик лидер.

Натпреварувачите решаваа три задачи за време од 270 минути, потоа решенијата се скенираа и испратија до организаторот. Целата активност се пренесува виртуелно. За регуларноста на настанот се грижи Комесарот, академик Дончо Димовски, ИТ експертот д-р Александар Печков и набљудувачот проф. д-р Ѓорѓи Маркоски.

Прошетајте низ галеријата за да ја видите атмосферата од денешниот ден:

На македонскиот тим му посакуваме успешен втор олимписки ден!

Ваш СММ!