Информација за ЈММО 2021

Почитувани,

ве известуваме дека Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2021) ќе се одржи на 5 јуни 2021 година со почеток во 10 часот. 

Право на учество имаат сите ученици од:

  • седмо одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • осмо одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • деветто одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку трета награда
  • државниот натпревар за средно образование, кои имаат најмалку трета награда и се родени на или подоцна од 24 Декември 2005 година.

Сите ученици, кои ги исполнуваат претходните услови, треба да бидат пред зградата на ПМФ најдоцна половина час пред почетокот на натпреварот. 

Учениците своето учество треба да го најават на dleskovski@gmail.com , најдоцна до 3 јуни 2021 до 23 часот и 59 минути.


Од комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години


Ваш СММ!