Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека второто издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане ќе се одржи на 9-10 јануари 2021 година.
Ги покануваме да учествуваат учениците кои оваа учебна година се во основно или средно образование и освоиле медал или пофалба на барем еден од следните четири натпревари: Првиот меморијален натпревар, ММО 2020, ЈММО 2020, ЕГМО 2020.
Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство. Сите ученици кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми, ги очекуваме пред зградата на ПМФ најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во 10 часот.
Новина е дека второто издание на меморијалниот натпревар „Александар
Блажевски-Цане“ ќе биде во целост од олимписки формат: имено, ќе се состои од шест
задачи (по три во двата дена) за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати
дневно. Тежината на задачите е приближна на задачите од ММО 2020.
Натпреварот ќе претставува и единствено изборно тестирање за ЕГМО 2021.
Ви посакуваме успех и се гледаме на 9.1.2021 година на ПМФ!
Во име на комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски