ЈБМО 2020

Почитувани,
Во периодот од 09.09.2020 до 13.09.2020, се одржа (виртуелно) 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада ЈБМО 2020. Нашата екипа се состоеше од 8 члена, од кои 6 натпреварувачи, Делчо Лешковски-лидер и Борче Јошевски-заменик лидер на екипата. Постигнати се фантастични резултати, остварен е еден од најголемите успеси на нашата држава на ЈБМО. Освоени се еден златен, еден сребрен и  два бронзени медали. Честитки до целата екипа и голема благодарност што не’ направија горди во овие турбулентни времиња.

1. Никола Спировски-златен медал

2. Дамјан Давков-сребрен медал

3. Никола Цветаноски-бронзен медал

4. Марија Атанасова-бронзен медал 

Со почит, 
Ваш СММ