Календар за натпреварите во учебната 2025/2026 година

Почитувани,

натпреварите по математика во учебната 2025/2026 година ќе се одржат во следниве денови:

Основно образование

  • Општински натпревар 30.1.2026 година
  • Регионален натпревар 14.3.2026 година
  • Државен натпревар 18.4.2026 година

Средно образование

  • Општински натпревар 30.1.2026 година
  • Регионален натпревар 14.2.2026 година
  • Државен натпревар 7.3.2026 година

Наскоро ќе бидат објавени деталите поврзани со одржувањето на овие натпревари.…

Прочитај повеќе

Информација за Нумерус

Почитувани,

Ве известуваме дека уредувачкиот одбор на „Нумерус“ го продолжува рокот за испраќање решенија на наградните и конкурсните задачи од Нумерус бр. LI-1 до 06.11.2025 година. Вашите решенија ги очекуваме на numerus.smm@gmail.com.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за продолжување на наставата на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

Оваа сабота, 18.10.2025 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2025 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Следните четири саботи, заклучно до 08.11.2025 година, часовите во рамки на тематската настава на школата и олимписката математика за сениори, ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.

Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 04.10.2025.…

Прочитај повеќе

Излезе од печат НУМЕРУС LI 1

Почитувани,

Од печат излезе првиот број на списанието за учениците од основното образование „Нумерус“ за учебната 2025/2026, LI 1. Во текот на наредните денови, списанието ќе биде дистрибуирано до сите претплатници.

Во прилог Ви испраќаме неколку фотографии од новиот број.

Учениците:

  • Лука Мијоски
  • Катја Димовска
  • Марко Антевски
  • Дарја Циева
  • Сара Гочевска
  • Маријана Антевска
  • Марко Јанчиќ

кои се најуспешни решавачи на Конкурсните задачи во своите одделенија и кои точно решија најмалку 60% од задачите, ќе добијат бесплатен комплет од списанието „Нумерус“ за учебната 2025/2026.…

Прочитај повеќе

Известување за првиот ден на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

Во сабота на 04.10.2025 година започнува Есенската математичка школа 2025 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.30 до 9.30 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.30 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар М121 (на првиот кат).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

На Есенската математичка школа 2025 пријавија учество следните ученици:

Список на пријавени ученици на Есенската математичка школа 2025

Уплатата на котизацијата за учество треба да се изврши најдоцна до 29.09.2025, по што треба да се прати копија од уплтата на ems2025smm@gmail.com најдоцна до 30.09.2025.

Во текот на следната недела, а најдоцна на 02.10.2025, ќе биде објавен подетален распоред за активностите на првиот ден на школата (отвoрање на школата и распоред на учениците по простории).…

Прочитај повеќе

НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА НАУКАТА

Драги ученици, почитувани наставници и родители,
Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“.
Главен организатор на оваа возбудлива иницијатива е Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Други учесници во организацијата се Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД), Скопско астрономско друштво (САД).…

Прочитај повеќе

Олимписки теми на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

Покрај тематската настава на Есенската математичка школа 2025 за учениците од 4 до 9 одделение и од 1 до 4 година, во рамки на овогодинешната школа формирани се групи за олимписка математика за јуниори и олимписка математика за сениори. Темите, програмата и предавачите на овие групи ќе бидат:

  • Олимписка математика за јуниори (15.11.-20.12.2025)
    Алгебра, Filip Mihov, MSc in Computer Science, University of Oxford, UK
    Програма: Полиноми.
Прочитај повеќе

Второ соопштение за КОМФСН 2025

Почитувани,

Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, во периодот од 28 до 30 ноември 2025 година. Во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултeт при Универзитетот „Св.…

Прочитај повеќе