Конечни резултати од ЈММО2022

Почитувани,

Во прилог се конечните резултати и распределбата на медали на ЈММО 2022.

Избрана e екипата што ќе ја претставува нашата земја на 26. Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада:

  • Дамјан Давков, ученик во IX одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип
  • Димитар Фидановски, ученик во I година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  • Марко Митевски, ученик во IX одделение при ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода, Скопје   
  • Марко Серафимовски, ученик во IX одделение при ООУ „Владо Тасевски“, Карпош, Скопје
  • Нина Ламева, ученичка во IX одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Скопје
  • Леонид Тодороски, ученик во IX одделение при ООУ „Григор Прличев“-Охрид

Со нашите олимпијци ќе бидат:

  • Делчо Лешковски, како водач,
  • Анастасија Трајанова, како заменик водач.

Членовите на екипата да го контактираат водачот во најкраток можен рок. Неговата меил адреса е dleskovski@gmail.com


Забелешка. Учениците Нина Ламева, Леонид Тодороски и Лео Нелоски имаа идентичен резултат од 16 поени. За нив беше предвиден дополнителен тест што требаше да се одржи на 09.06.2022, на кој требаше да се изберат последните два члена на екипата. Но, поради семејни причини, ученикот Лео Нелоски го откажа учеството на тестот, така што немаше потреба од дополнително тестирање и екипата беше формирана.  

Од Комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години 

и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години

Ваш СММ!