Информација за IMO тест

Почитувани,
Заради учество на неколкумина од поканетите натпреварувачи на Европската олимпијада по физика, изборниот тест за ИМО ‘22 се поместува за деновите 17. и 18. мај.
Натпреварот ќе започнува во 10:00 часот. Поканетите 12 ученици е потребно да бидат пред зградата на ПМФ-Скопје најдоцна во 9:30 часот.
Учеството да се потврди на е-mail адресата: mirko.petrushevski@gmail.com
Ваш СММ !…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за основно образование

Почитувани,

47-от Државен натпревар по математика за учениците од основните училишта, ќе се одржи на 14.05.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, долна и горна зграда.

Натпреварот ќе трае 180 минути. 

Учениците треба да се во дворот на факултетот во 9.30 часот.…

Прочитај повеќе

Математички институт за научно-истражувачки подмладок

Почитувани,

Во склоп на работата на Македонската акдемија на науки и уметности (МАНУ), а во соработка со Сојузот на математичари на Македонија (СММ) и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) во тек е проект:

 Математички институт за научно-истражувачки подмладок.

Целта на Институтот е да  се грижи за откривање на надарени и талентирани ученици за математика од најрана возраст и нивно понатамошно поттикнување и воведување во научно-истражувачка работа.…

Прочитај повеќе

Историски успех на македонската екипа на БМО2022

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да ве известиме за големиот успех на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада БМО 2022! 

На овогодинешната олимпијада за прв пат во историјата на Македонија постигнат е златен медал на БМО, освоен од Никола Спировски. Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски.…

Прочитај повеќе

Започна BMO 2022

Почитувани,

Екипата на BMO го започна патувањето од просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје до Агрос, Кипар, каде ќе се одржи 39. Балканска математичка олимпијада.

Лидер на тимот е Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски.

Да им посакаме среќен пат и успешен натпревар!

Дел од атмосферата на тргнувањето низ фотографии:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Програма на Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки, 6-8 мај 2022

Почитувани,

На следниот линк може да пристапите кон програмата на Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки, 6-8 мај 2022.

Програма

Од Организациониот одбор на Конференцијата…

Прочитај повеќе