Дополнителни информации за регионот Центар

Почитувани,

СММ одлучи учениците од регионот Центар, да ги решаваат задачите од Регионалниот натпревар за основно образование во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во сабота на 26.03.2022 година.

До оваа одлука дојде затоа што ниту едно училиште од овој регион не сакаше да ги прифати, смести и организира учениците во училници за време од околу два часа, кое е предвидено за решавање на задачите. Во сите други региони во целата земја, подготовките за прием на учениците и нивните ментори веќе се при крај.

Драги ученици од училиштата во регионот Центар, ве очекуваме во сабота во 9:30 часот пред зградата на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ќе имате можност да го покажете своето знаење и да бидете дел од XL Регионален натпревар по математика за ученици од основното образование.

Само како потсетување, според Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основното образование, секое училиште кое учествува на натпреварот е должно да делегира по еден член во комисијата за прегледување на задачите и тоа на секои 5-10 натпреварувачи со кои учествува на натпреварот, при што секој член во комисијата прегледува во одделение во кое нема свој натпреварувач.

Ваш СММ!