Упатство за спроведување на општинските натпревари по математика

Почитувани,

натпреварот ќе се одржи на 19.02 со почеток во 10.00 часот на платформата Microsoft Teams, со пополнување на google форма. Кон формата ќе пристапите на означеното место директно на страната на СММ, на https://smm.org.mk/ страната за секое одделение и клас пооделно. Внимателно читајте ги упатствата за пополнување на формата.

Учениците се распределени во групи за надгледување. Секој тестатор ќе формира група, ќе ги извести учениците за времето на пробното вклучување и натпреварот, ќе одржи пробно вклучување во петок 18.02.2022 година околу 20 часот на Teams. Вклучувањето на учениците е задолжително. Доколку ученикот нема адреса на schools.mk  задолжително треба да има профил (account) на Teams со приватната адреса и со истата треба да е најавен.

Натпреварот ќе се одржи на 19.02 со почеток во 10.00 часот на платформата Microsoft Teams. Состанокот за натпреварот ќе биде закажан за 9 часот и 30 минути, во сабота. Учениците треба да се вклучат најдоцна до 9 часот и 45 минути за натпреварот да започне на време.

Натпреварот ќе се одржи со вклучени камери и микрофони. Секое подолго исклучување на камерата ќе резултира со дисквалификација на ученикот. Учениците треба да се пред својот компјутер на одредено растојание од екранот кое ќе го утврдат на пробното вклучување со тестаторот. 

Google формите со задачите ќе бидат вклучени во 10.00 часот. Учениците кои ќе бидат надгледувани, откако ќе се вклучат, ќе пристапат кон формата и ќе започнат со решавање. Натпреварот трае 150 минути за средните училишта и 120 минути за основните училишта, по што поднесувањето на формите нема да  е возможно. Затоа 10тина минути пред истекот на времето, проверете, направете submit на формата и оставете време за проверката I’m not a robot.

Тестаторите немаат право да одговараат на прашања освен од техничка природа.

Ваш СММ!