Почитувани,
Чест и задоволство ни е да ве известиме за уште еден голем успех на македонската репрезентација на БМО 2021!
На овогодинешната олимпијада за прв пат во последните 15 години се освоени два сребрени медали и тоа од Никола Спировски и Лука Грашкоски. Бронзениот медал за нашиот тим го освои Јасна Илиева, а со пофалница се здоби Блаже Суклевски.
На БМО 2021 успешно учествуваа Дамјан Давков и Марија Атанасова. Лидер на тимот беше Никола Велов, заменик лидер Петар Филиповски, а набљудувачи беа проф. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Ѓорѓи Маркоски.
Во подготовките на тимот допринесе и Илија Јовчески.
Им честитаме на натпреварувачите и им посакуваме уште многу успеси во иднина!
Ваш СММ!