Се одржа ЈБМО 2021

Почитувани,

денес со почеток во 10 часот се одржа 25-тата Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2021).

Формален домаќин на Олимпијадата е Кишињев, Молдавија. Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Резултатите ги очекуваме во сабота, 5.07.2021 година, а дотогаш еве дел од атмосферата со натпреварувачите низ слики:

Ваш СММ!