Почитувани,
нашата екипа за прв пат учествуваше на СМО (Српската математичка олимпијада) која се одржа во вторник и среда, на 11. и 12.05.2021 година во просториите на Математичката гимназија во Белград.
Освен нашата екипа, гостински екипи на овој натпревар беа и екипа од Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Постигнати се следните резултати:
- Блаже Суклевски – бронзен медал
- Лука Грашкоски – бронзен медал
- Дамјан Давков – пофалница
- Никола Спировски – пофалница
Подетално за резултатите овде, а за организаторот овде.
Се надеваме дека овие резултати ќе бидат силна мотивација за идните меѓународни натпревари.
СММ ви го честита овoј огромен успех!