СММ изминатиот период направи детална анализа на состојбата со предметот математика во основното образование, ги разгледа проблемите кои се констатирани, ги согледа и утврди потенцијалните причинители и изготви предлог план за надминување на тие воочени проблеми.
Согледувањата, анализата и изготвениот план во облик на документ е доставен до Министерството за образование и наука, Секторот за основно образование при МОН, Педагошката служба при МОН, Бирото за развој на образованието.
Анализата ќе биде доставена и до институциите каде што се едуцираат кадри коишто вршат наставна дејност по математика во основното образование. Целта е да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочува заедницата и евентуално проширување на планот за решавање на воочените проблеми.
Ваш СММ!