Почитувани,
заврши 37-та Балканска математичка олимпијада, која виртуелно се одржа од 31.10.2020 до 05.11.2020. Овогодишна земја-домаќин на балканијадата беше Романија и учествуваа 17 држави – 10 балкански држави учеснички, и осум гостински тимови.
Македонија ја претставуваа следните ученици:
- Никола Спировски – 30 поени (сребрен медал)
- Дамјан Давков – 23 поени (бронзен медал)
- Алек Јармов – 21 поен (бронзен медал)
- Лука Грашкоски – 20 поени (бронзен медал)
- Кристина Тасева – 12 поени (пофалница)
- Бојан Димовски – 7 поени
Водач на тимот беше Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски. Огромна поддршка на целокупниот тек на натпреварот беа Илија Јовчески, Мирко Петрушевски и Ѓорѓи Маркоски.
Тимот освои вкупно 113 поени, што е најмногу во последните 11 години.
Година | Сребрени медали | Бронзени медали | Пофалници | Вкупно поени | |
БМО | 2020 | 1 | 3 | 1 | 113 |
БМО | 2019 | 0 | 2 | 0 | 77 |
БМО | 2018 | 0 | 2 | 1 | 68 |
БМО | 2017 | 1 | 1 | 2 | 104 |
БМО | 2016 | 0 | 0 | 1 | 39 |
БМО | 2015 | 0 | 4 | 0 | 79 |
БМО | 2014 | 1 | 1 | 1 | 101 |
БМО | 2013 | 1 | 3 | 0 | 62 |
БМО | 2012 | 0 | 4 | 1 | 109 |
БМО | 2011 | 1 | 2 | 0 | 64 |
БМО | 2010 | 1 | 3 | 0 | 79 |
Горди сме што Македонија достоинствено го заокружи циклусот меѓународни математички натпревари за учебната 2019/2020 година. Сакаме да упатиме честитки до сите натпреварувачи и целиот тим за постигнатиот успех.
Новина оваа година беа организираните интензивни подготовки на екипата, реализирани од страна на водачот Никола Велов. Меѓу другото, беа организирани четири пробни натпревари со симулација на условите. Веруваме дека ваквиот пристап допринесе за постигнатиот одличен резултат: имено, македонската репрезентација по долги години освојува толку многу медали, признанија и вкупен број поени.
Овогодинешниот успех е надополнет и со тоа што четвртата (најпрестижна) задача на Балканијадата беше македонски предлог, во авторство на Илија Јовчески. Еднакво задоволство ни претставува и тоа што нашиот Никола Спировски беше еден од малкумината натпреварувачи кои имаа комплетно решение на оваа задача.
Благодарност до сите учесници, Комисијата за ММО и меѓународни натпревари, и сите што несебично помогнаа успешно да се заокружат меѓународните математички натпревари во овие тешки времиња.
Со желби за уште поголеми успеси во иднина,
Ваш СММ!