Резултати од натпреварот CMC 2020

Почитувани,

Ни претставува посебна чест и задоволство да Ве информираме дека македонската екипа во состав: Лука Грашкоски, Јасна Илиева, Алек Јармов, Иљир Лимани, Христина Митреска, Никола Спировски, Блаже Суклевски и Михаела Хаџиска постигна одличен успех на првиот СМС (Cyberspace Mathematical Competition) 2020 натпревар.

Натпреварот се одвиваше во периодот од 12-14 јули 2020 година.…

Прочитај повеќе

Информации за државниот натпревар по математика за основно и средно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека

  • Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 15 и 16 август 2020 година со почеток во 10 часот на ПМФ.

На натпреварот ќе учествуваат само учениците кои имаат право да учествуваат и кои до 10 август 2020 година до 23 часот и 59 минути ќе ја пополнат следната пријава за учество .…

Прочитај повеќе

Учесници на Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Комисијата за натпревари во основното образование, ги изготви единствените ранг – листи на државно ниво по одделенија од Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование. Тие листи се состојат од поени што се добиваат како збир од 55% од поените што ученикот ги освоил на општинскиот натпревар и 45% од поените што ученикот ги освоил на регионалниот (електронски) натпревар.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Комисијата за натпревари за ученици од основното образование ги разгледа сите приговори и ја изготви следнава конечна ранг-листа за поените и наградите од Регионалниот натпревар, одржан електронски, на 04.07.2020 година:

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Претседател, Трајче Ѓорѓијевски…

Прочитај повеќе

Резултати од Регионалниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

следуваат резултатите од Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование, кој се одржа електронски на 04.07.2020 година, сабота, од 10 до 12 часот.

Според одлуката на Комисијата за натпревари за ученици од основното образование, изготвена е прелиминарна единствена ранг – листа, за секое одделение посебно.

Сакаме да ве потсетиме дека имате право на приговор, кој се поднесува електронски со пополнување на следниот формулар, во рок од еден ден, односно до 06.07.2020 година, понеделник, во 23:59 часот.…

Прочитај повеќе