Победници на ПИ-ДЕН

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката,

Ни претставува посебна чест да ги споделиме со вас резултатите од првиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН кој се одржа на 14 и 15 март 2020 во различно време за различни категории. СММ на сите учесници им го честита првото заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката.

Особена благодарност изразуваме до time.mk, Македонско радио, fakulteti.mk и 365.com.mk за нивната несебична поддршка во афирмација на натпреварот.

Одговорите на задачите кои комисијата ги подготви за натпреварот може да ги најдете овде.

Првопласираните учесници од секое одделение/година се во следниот список.

Сертификатите за учество и потврдата за остварениот пласман очекувајте ги електронски.

Ваш СММ!