Писмо до читателите на НУМЕРУС

Драги ученици, наставници и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година Ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати, продлабочување на љубовта кон математиката, како и весело другарување. Списанието „Нумерус“ ја продолжува долгогодишната традиција на објавување математички содржини наменети за учениците во основното образование, за самостојно користење, но и за заедничка работа во математичките секции во училиштата, како и во додатната настава по математика.

И оваа година во списанието ќе можете да ги најдете задачите кои соодветствуваат на пропозициите за училишните, општинските и регионалните натпревари. Покрај конкурсните и наградните задачи, ќе се сретнете и со прилози за математичката олимпијада и математичките натпревари за ученици до 15,5 години, како и со прилози од математичките школи во организација на Сојузот на математичари на Макединија и прилози од примената на математиката во секојдневниот живот. Особено внимание ќе посветиме на обработка на теми, приоди и методи коишто не се доволно развиени во рамките на постојните наставни програми по математика за деветгодишното основно образование, а се неопходна алка во подготовката за натпреварите.
„Нумерусот“ ќе го збогатиме и со математички занимливости.

Списанието „Нумерус“ е со изменето уредништво, коешто ја користи можноста да ве покани да доставувате решенија на конкурсните и на наградните задачи, како и свои прилози во кои обработувате полезни и интересни содржини за учениците. Со особено задоволство ќе ги објавуваме прилозите и на младите математичари – ученици од основните училишта кои од нас ќе добијат подршка во развивањето вештини за објавување математички прилози и статии. Ги очекуваме вашите мислења и коментари за она што ќе го објавиме, како и предлози  кои содржини би сакале да ги обработиме во списанието.

Посакуваме успешна соработка!

Од Уредувачкиот одбор

Упатствата за претплата, за испраќање решенија и за доставување прилози се достапни на страната www.smm.org.mk.


Упатствo за претплата

НУМЕРУС, популарно математичко списание за учениците од основното образование,
ISSN 1409-875X

Се објавува во октомври, декември, февруари и април. Цената за порачка на еден печатен примерок е 90 денари, а годишната претплата за 4 броја е 300 денари. За групна претплата, на секои 10 примероци, единаесетиот е бесплатен. 

Претплатата и порачките се испраќаат на адреса:
НУМЕРУС, Сојуз на математичари на Македонија
ул. „Архимедова“ бр. 3, 1000 Скопје, Р. С. Македонија
е-адреса: sojuz.na.matematicari@gmail.com 
Жиро сметка: 300000001276071, ЕДБ 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД, Сојуз на математичари на Македонија (со назнака за НУМЕРУС)

Дистрибуција се врши преку Македонска пошта или со директно преземање на примероците од Библиотеката на Институтот по математика на ПМФ во Скопје.

Упатство за испраќање прилози

Прилозите за објавување во списанието „Нумерус“ се изготвуваат во Word 2003, Word 2007 или LaTex со прецизно нацртани слики. Секој прилог се испраќа во посебен документ насловен со името и презимето на (првиот) автор и скратен наслов. Урнек за прилог е достапен овде, а се користи форматот А5, сите маргини 0.75, фонт: Arial, големина на текст 10, единечен проред, текст без индентација, центриран наслов на прилогот со големи букви. Ќе бидат земени предвид само прилози кои се соодветни за објавување во популарното математичко списание за ученици од основното образование. Прилози во коишто не се наведени користени извори на крајот од прилогот („во текст“ референци не се пожелни) не се објавуваат.

Прилозите се испраќаат во електронска форма на е-адреса: numerus.smm@gmail.com

Предмет (Subject): Прилог за Нумерус
Текст на пораката: Име и презиме на авторот/авторите,  наставно или наставно-научно звање (одделенски наставник, предметен наставник, наставно-научен кадар или соработник на универзитет), студент или ученик, име на училиштето или универзитетот, место.

Упатство за решавачи на задачи

Решенијата на конкурсните и на наградните задачи можат да се испраќаат најдоцна до 15 ден од следниот месец по објавувањето,  на еден од следниве два начини:

По пошта, на адреса:
НУМЕРУС, Сојуз на математичари на Македонија
ул. „Архимедова“ бр. 3, 1000 Скопје, Р. С. Македонија
(Конкурсни задачи или Наградни задачи)

Решението на задачата треба да биде читливо испишано, по една задача на посебен лист (не мора да се достави  решение на секоја задача од рубриката), со јасно образложение и прецизно нацртани слики, ако решението ги содржи. На секој лист, задолжително треба да биде запишани: рубриката и бројот на задачата, името и презимето на решавачот, одделението и паралелката, името на училиштето и местото (општина, град или село). Задачите од различни рубрики се испраќаат во посебни пликови, на коишто се наведува и називот на рубриката.

Во електронска форма на е-адреса:
numerus.smm@gmail.com
Предмет (Subject): Конкурсни задачи или Наградни задачи
Текст на пораката: Име и презиме на решавачот,  одделение и паралелка, име на училиштето и место (општина, град или село).

Задачите од различни рубрики се испраќаат во посебни пораки, на коишто во предметот (subject) се наведува називот на рубриката. Решението на секоја задача се прикачува кон електронската порака во посебен документ насловен со: Називот на рубриката, бројот на задачата, името и презимето на решавачот. Решенијата се изготвуваат во Word 2003, Word 2007 или LaTex со јасни образложенија и прецизно нацртани слики, ако има слики.

Имињата на решавачите кои испратиле точни решенија се објавуваат во наредниот број на списанието, а наградите за најуспешните решавачи се доделуваат на крајот на учебната година.

Уредувачки одбор на Нумерус

(по азбучен ред на презимињата)

  1. Татјана Атанасова Пачемска, УГД – Штип
  2. Весна Бојаџиева, ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје (предметен наставник)
  3. Соња Геговска – Зајкова, УКИМ – Скопје
  4. Валентина Гоговска, УКИМ – Скопје
  5. Трајче Ѓорѓијевски, БРО – Скопје
  6. Снежана Златковска, ООУ  „Илинден“ – Крива Паланка (предметен наставник)
  7. Слаѓана Јакимовиќ, УКИМ – Скопје (главен и одговорен уредник)
  8. Лидија Кондинска, БРО – ПО Битола
  9. Елена Котеска, Универзитет “Климент Охридски” – Битола
  10. Делчо Лешковски, ИБУ – Скопје
  11. Зоран Мисајлески, УКИМ – Скопје
  12. Билјана Начевска – Настовска, УКИМ – Скопје
  13. Весна Недановска, ООУ „11 Октомври“ – Скопје (одделенски наставник)
  14. Мирко Петрушевски, УКИМ – Скопје
  15. Светлана Симјаноска, ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје (одделенски наставник)
  16. Петар Соколоски, УКИМ – Скопје
  17. Јасмина Сретеноска, ООУ „Вера Циривири Трена“ – Скопје (предметен наставник)
  18. Ирена Стојковска, УКИМ – Скопје
  19. Петар Филиповски, дипл. проф. по математика
  20. Елена Хаџиева, Универзитет „Св. Апостол Павле“ – Охрид