Конечни резултати од ММО 2023

Почитувани,
во прилог се конечните резултати од 30. Македонска математичка олимпијада.

Честитки до сите учесници за прикажаните знаења. 

Тестот за избор на македонската екипа за БМО 2023 ќе се одржи на 22. април (сабота). Подетални информации во текот на следните денови.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ММО 2023

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток од 10 часот, се одржа XXX Македонската математичка олимпијада за учениците од средно образование. Во прилог се задачите, решенијата и распределбата на бодовите како и прелиминарните резултати

Крајниот рок за приговори е утре (понеделник) 10.04.2023 година до 12 часот и 30 минути.  Приговорите да се испраќаат електронски до Претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование, на следната адреса: mirko.petrushevski@gmail.com .…

Прочитај повеќе

Информации за ММО 2023

Почитувани,

во прилог е списокот на ученици кои се поканети на 30. Македонска Математичка Олимпијада, согласно следниот  критериум:

 „Сите учесници на последниот државен натпревар по математика кои освоиле награда на државниот или на четвртиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски -Цане“.

ММО ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во недела 9.

Прочитај повеќе

Информација за Државен натпревар за средно образование

Почитувани,

традиционално, домаќин на Државниот натпревар за учениците од средните училишта е Природно-математичкиот факултет и Институтот за математика.

Се молат учесниците на натпреварот, да бидат пред зградата на ПМФ, во сабота, 1 април 2023 година, најдоцна во 9.30 часот.


Од Комисијата за општински, регионални и државни натпревари.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за ММО

Почитувани,

ве известуваме дека XXX. Македонската математичка олимпијада за учениците од средно образование, ќе се одржи на 09.04.2023 година, недела, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

УО на СММ донесе посебен правилник за реализација на 30. Македонска математичка олимпијада и избор на екипите за меѓународните натпревари за учебната 2022/2023 за средно образование.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Регионалниот натпревар за основно

Почитувани,

конечните резултати од 41 Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование, одржан на 4 март 2023 година, по одделенија се:

Право на учество на Државниот натпревревар имаат учениците од 6,7,8 и 9 одделение кои освоиле најмалку 3 награда на Регионалниот натпревар. …

Прочитај повеќе

Информации за ПИ-ДЕН 2023

Почитувани натпреварувачи,

до 9:30 часот на електронска пошта ќе ви стигне линк до задачите од Државниот електронски натпревар ПИ 2023.

Системот за прифаќање одговори ќе биде отворен во времетраење од 2 часа за секоја категорија:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот 
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот 
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот 

Како потсетување, сите задачи имаат решение природен број или нула.…

Прочитај повеќе

Резултати од SEEMOUS 2023

На 12 март 2023 заврши 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023) во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE) која се одржа од 7 до 12 март во Струга, Македонија.…

Прочитај повеќе