Злато, сребро и три бронзи за Македонија на БМО 2025!
Ни претставува особена чест да објавиме дека на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО 2025) – која годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина – македонската репрезентација постигна одличен успех!
На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен, еден сребрен и три бронзени медали. …
Прочитај повеќе