Почитувани,
Во екот на подготовките околу организацијата на општинскиот натпревар за нашите најмлади учесници, сметаме дека не е на одмет да повториме некои од важните чекори кои мора заеднички да ги направиме за да им овозможиме на учениците прекрасно искуство!
Ве потсетуваме дека пријавата на учениците се врши заклучно со 20.02.2020 година (четврток).
Наскоро ќе објавиме список со организатори, домаќини и делегати за реализирање на општинскиот натпревар.
Бројот на учесници е опишан во правилникот за организирање натпревари во основното образование.
Повеќе информации околу организацијата овде.
Потребата од промена на овој правилник е повеќе од очигледна, затоа ве потсетуваме дека собранието во сабота, 22.02.2020 година е одлична можност сите наши забелешки, сугестии и идеи да ги споделиме и обединиме во правилници, препораки и статут кој ќе не сплоти во враќање на достоинството на нашата професија а воедно и заедничката љубов заради која постоиме како сојуз-МАТЕМАТИКАТА.
Ваш СММ!