Прв тест за избор на македонската екипа за EGMO 2020

На 16.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа првото (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со предвидена шема за бодување) . Второто тестирање ќе се одржи на 23.02.2020 на истата локација.

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски