Меморијален математички натпревар Александар Блажевски-Цане

Почитувани ученици,

Сојузот на математичари на Македонија одлучи да организира  меморијален математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане.  

На натпреварот ќе учествуваат учениците кои во оваа учебна година се во основно или средно образование и: освоиле медал/пофалба на ММО 2019 година, или златен/сребрен медал на ЈММО 2019 година, или биле дел од национален тим на некој меѓународен математички натпревар (ЈБМО, БМО, ЕГМО, или ИМО).  
 

Натпреварот ќе се одржи на ден 17.11.2019 (недела) во математичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, со почеток од 9:30 часот. Сите ученици кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми, ги очекуваме пред амфитеатарот најдоцна до 9:00 часот.
Натпреварот е од олимписки формат, т.е., се состои од три задачи за чие решавање се предвидени 4 и пол часа. Тежината на задачите ќе биде приближна на задачите од ММО.

Ви посакуваме успех и се гледаме на 17.11.2019 година на ПМФ!