Драги ученици,
Оваа сабота, 18.10.2025 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2025 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Следните четири саботи, заклучно до 08.11.2025 година, часовите во рамки на тематската настава на школата и олимписката математика за сениори, ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.
Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 04.10.2025. Распоредот на ученците по простории може да го видите тука.
За учениците кои не си ги подигнале материјалите за школата и не се регистрирале, пултот за регистрација ќе биде отворен од 9.30 часот во приземјето на горната зграда на ПМФ.
Ве очекуваме да продолжиме со математичката дружба!
Од Раководството на ЕМШ2025