Почитувани,
во изминатиот месец се одржаа првата селекција, а потоа и Македонската економска олимпијада 25 и дополнително тестирање за избор на тимот кој ќе ја претставува Македонија на Осмата Меѓународна Економска Олимпијада, во Баку Азербејџан, во периодот од 20 – 29.07.2025 година.
По првичната селекција, на 29.04.2025 се одржа МЕО 25, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Резултатите и распределбата на медалите е во прилог. Согласно правилникот за МЕО, а заради зголемена мотивација на учениците, на дополнителна селекција беа повикани учесниците со над 50% остварување на МЕО 25. Согласно вкупните пондерирани резултати, во кои се даде различна важност на поединечните делови на олимпијадата заради различната тежина, се одреди и тимот за ИЕО 25. Конечната распределба е во прилог, а тимот го сочинуваат:
1. Христијан Захарчев, IV година, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола
2. Теа Ангелова, I година, НОВА Меѓународно училиште, Скопје
3. Сара Тошевска, IV година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје
4. Леонид Цуклев, III година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје
5. Миша Веселински, IV година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
На тимот му посакуваме многу успех во Баку.
Ваш СММ