Известување за МЕО

Почитувани,
со огромно задоволство Ве известуваме дека оваа година СММ ја организира
Третата Македонска Економска Олимпијада (МЕО) за учениците од средното образование.
Тестирањето за квалификации на МЕО ќе се одржи online на 4.04.2025 година. Квалификационите
тестови ќе бидат составени од прашања и задачи во согласност со темите кои се обработуваат по
предметите економија и математика (финансиска математика), од учебниците во средното
образование.
Заинтересираните ученици, преку своите училишта и ментори, да се пријават за учество заклучно
со 31.03.2025, пополнувајќи го закачениот ексел документ и истиот да се испрати на e-mail
адресата agacovska@gmail.com.
Третата Македонска Економска Олимпијада ќе се одржи на 29.04.2025 во просториите на
Природно-математичкиот факултет во Скопје.
МЕО е годишна државна олимпијада првенствено наменета за стимулирање и продлабочување на
знаењата од економија, финансии, бизнис и примена на математичките модели во економијата, за
учениците заинтересирани за овие области.
Од најуспешните учесници на МЕО, со солидно познавање на англиски јазик и помлади од 20
години на 30 јуни 2025 година, ќе се избере македонската екипа за Меѓународната олимпијада по
економија – една од четиринаесетте меѓународни научни олимпијади за предуниверзитетско
образование.
За подетални информации кликнете овде.
Ваш СММ!