Почитувани,
ве известуваме дека XXXII. Македонската Математичка Олимпијада (ММО) ќе се одржи на 23.03.2025 година, недела, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во прилог е списокот на ученици кои се поканети на олимпијадата, согласно следниот критериум:
„Сите учесници на последниот државен натпревар по математика за средно образование кои се натпреварувале во втора, трета или четврта година и освоиле награда, сите учесници на последниот државен натпревар по математика за средно образование кои се натпреварувале во прва година и освоиле прва или втора награда, и сите ученици кои освоиле медал на минатогодишната БМО или ИМО“.
Ваш СММ!