Информации за Регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

XLVIII -от Регионален натпревар по математика за учениците од средните училишта ќе се одржи на 15.02.2025 година, со почеток во 10 часот, во сите региони.

Учениците е потребно да бидат во училиштата домаќини најмалку 30 минути пред почетокот на натпреварот, а во Скопје, пред ПМФ – 45 минути пред почетокот на натпреварот. 

Во прилог се домаќините на регионалниот натпревар за оваа година. СММ и Комисијата за натпреварите од се срце им благодари на училиштата домаќини, нивните директори и најмногу на координаторите кои ефикасно, сесрдно и професионално се нафатија да ги спроведат натпреварите по регионите. 

Ваш СММ!