Известување за првиот ден на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

Во сабота на 19.10.2024 година започнува Есенската математичка школа 2024 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.30 до 9.30 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.00 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар М121 (на првиот кат). Предавањата на школата се од 10.00 до 14.00 часот.

Во продолжение се списокот на пријавени ученици, деталната програма за првиот ден на школата, 19.10.2024 година, распоредот на учениците по простории и потребниот прибор за работа:

Учениците треба да се регистрираат и да си ги подигнат материјалите за време на предвидениот термин за регистрација.

По завршувањето на отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар МА121, ќе се формираат групите ученици по одделенија/година кои со придружба од студентите ќе бидат однесени во просториите каде ќе се одржуваат предавањата. Во случај да задоцните секогаш ќе може да се обратите за помош кај студентите кои ќе бидат кај масите за регистрација на влезот на ПМФ и тие ќе ве упатат кон просторијата каде ќе биде вашето предавање.

Ги замолуваме родителите кои ќе дојдат како придружба на учениците-учесници на школата, за време на предавањата да не седат пред вратите на предавалните, може да чекаат во холот на приземје кај масите за регистрација или во бифето на ПМФ. Од овој октомври, на ПМФ почна да работи бифето Eat&Read Buffet кое е сместено под Деканатот и има влез/излез како од внатре на Факултетот, така и од надвор со маси за седење и внатре и надвор.

На учениците и професорите им посакуваме успешна математичка школа, стекнување на нови математички знаења и многу нови пријателства!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2024