Сојузот на математичари на Македонија се приклучува кон повикот на Друштвото на физичарите и Природно-математичкиот факултет со Институтите за математика и физика за масовна и плодна заедничка активност во рамките на Меѓународната конференција која ќе се одржи на 27-28 септември 2019 на ПМФ.
Главните придобивки од оваа конференција се однесуваат на подигнување на општествената свест за реално согледување на состојбите во кои се наоѓа македонското образование и предизвиците во насока на негово зајакнување и подобрување.
Повеќе информации за оваа конференција ќе најдете во Конференции.
Генерален поддржувач на конференцијата е Просветно дело.