Историски успех на македонската екипа на БМО2022

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да ве известиме за големиот успех на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада БМО 2022! 

На овогодинешната олимпијада за прв пат во историјата на Македонија постигнат е златен медал на БМО, освоен од Никола Спировски. Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски. Вреди да се напомене дека екипата оваа година го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени и по бројот на освоени медали го завзема третото место после Романија и Грција.

08.05.2022 – По доделувањето на медалите
08.05.2022 – По доделувањето на медалите
07.05.2022 – После резултатите (злато, сребро, сребро, бронза, пофалница, пофалница) и трето место во екипен пласман
05.05.2022 – Отворање на БМО2022
04.05.2022 – Подготвени за пат

На крај сакаме да им се заблагодариме на претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари Мирко Петрушевски и Илија Јовчески за целокупниот ангажман во остварување на овој историски резултат.

Со почит,
лидерите на тимот,
Никола Велов и Петар Филиповски