Најдобрите јуниори на прием во МОН и во резиденцијата на Водно

Почитувани,

екипата која ја претставуваше нашата земја на Јуниорската математичка олимпијада, водачот, заменикот водач и претседателот на СММ во среда, 23.09.2020 година, беа на прием кај Министерката за образование и наука, Мила Царовска, а во четврток, 24.09.2020 година на прием кај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во пријатна атмосфера низ срдечен разговор, јуниорите добија признание и пофалби за постигнатиот успех и поддршка за нивните идни планови и активности.

Посебно не радува подготвеноста на најистакнатите личности и институции во нашата земја заеднички да го чествуваме досегашниот постигнатиот успех и да правиме планови за идна плодна соработка.

Детали од разговорот и преиемот во МОН овде , а од средбата и разговорот со Претседателот овде.

Дел од атмосферата низ фотографии:

Ваш СММ!